Македонија
10. April 2021 - 11:50

Кумановец приведен за недозволено поседување оружје

На 09.04.2021 во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, по насоки од Одделот за криминалистичка полиција и добиена наредба од Основен суд Куманово извршен е претрес кај М.З., при што се пронајдени и одземени два пиштола и рамка со 7 боеви куршуми, кои ги поседувал без дозвола. М.З. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.