Македонија
27. May 2018 - 12:11

Кумановец паднал од скала и се здобил со тешки повреди на главата

57-годишен жител на селото Биљановце, кумановско се здобил со тешки повреди на главата откако паднал од дрвена скала од објект во селото Клечковце.

Најпрво бил однесен во Ургентниот центар во Куманово, од каде поради сериозноста на повредата бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.