Македонија
23. April 2019 - 15:38

Кумановец избоден во рака со остар предмет

Лице кое престојувало во зградата на поранешен хотел „Кристал“ во центарот на Куманово, бил избоден со остар предмет, соопштија денеска од СВР-Куманово.

Дваесет и седум годишниот У. З.,  кој привремено престојува во поранешен хотел „Кристал“, вчера во 18:50 часот пријавил во  кумановската полиција дека кај него дошол 32-годишниот С.Т. од Куманово и по вербална расправија со остар предмет му нанел повреда на левата рака.

С.Т. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.