Кумановци преку анкети ќе ги кажат идеите за одржлива урбана мобилност во градот
Во овој проект покрај Куманово, учествуваат и општините Карпош, Охрид, Кавадарци и Битола , а предвидува промоција, планирање и градење на капацитетите во спроведување на активности за урбана мобилност, темелени на модел на оптимални трошоци и иновација.
Активностите на овој проект се однесуваат на изработка, усвојување и имплементација на план за одржлива урбана мобилност (SUMP). За таа цел, на секоја од петте општини и е доделен експерт кој во соработка со локалниот тим ќе го имплементираат целокупниот проект за истиот да биде одобрен.
-Инаку изработката на овој тип на плански документ во тендерска постапка чини 40.000, евра што значи дека, Општина Куманово преку добивање на овој проект ќе ја заштеди оваа сума- се наведува во соопштението на општина Куманово.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор