Македонија
14. February 2018 - 20:16

Кумановчанка која била дел од ИСИЛ убиена во Сирија

Кумановка го положи својот живот на боиштата во Сирија, на фронтот на терористичката организација Исламска држава.

Веста според порталот „Реалитети“ е потврдена од блиските роднини на убиената девојка која пред четири години го напуштила својот семеен дом во Куманово и заминала да се бори рамо до рамо со џихадистите.

Според пишувањата на порталот, кумановката борец на Исламската држава била ќерка на познат бизнисмен од Куманово, а нејзините родители пред четири години биле фрапирани од одлуката таа да преземе таков чекор, со оглед дека била примерна ученичка.

Во 2015. Година порталот Порталб.мк на албански јазик пушуваше за 18-годишна кумановка која била регрутирата од џихадистите на ИСИС. Нејзиното исчезнување тогаш било пријавено во март, кога неколку дена по ред не се појавувала на училиште. Откако пријавиле во полиција, добиле повик од Ирак дека е таму и е безбедна.

Дали станува за истата девојка засега останува непознато.

Досега, на боиштата во Сирија и Ирак убени се најмалку 15 лица од Македонија.