Македонија
12. September 2018 - 12:19

Културно-уметнички активности „Есен,Зима,Пролет и Лето“ во Куманово

Здружението на граѓани „Стартер проект" во соработка со Општина Куманово, Фондација за култура и спорт, Центарот за култура, во пресрет на 2019 година кога се одбележуваат 500 години од постоење на Куманово, организира културно - уметничка програма насловена по четирите годишни времиња. 

Идејата, соопштија денеска организаторите е да се промовираат културни и едукативни манифестции во Куманово, наменети од најмладата до највозрасната популација и да се оддаде почит на генерациите кои го граделе Куманово.

- Програмата која се реализира се спроведува во координирана соработка со институции и установи од областа на културата, а преставува претходничка на програмата која ќе се реализира по повод 500 години од постоње на градот Куманово,  изјави актерката и еден од иницијаторите Габриела Петрушевска.

На 15 септември на аеродромот Ацитепе, најмалдите ќе летаат земјови. Настанот го организираат учесниците на Детската ликовна колонија. Наредниот период, следува и концерт на групата „Кhara" и промоција на новиот албум. На 22 септември, кога и официјално започнува  есента, на иницијатива,  а  градинката „Ангел Шајче" и на „Стартер проект" ќе се организира настан во Пелинце каде низ игра најмалите ќе го поминат првиот ден од есента во природата.

Кон крајот на септември ќе биде изведена преставата „Физика на тагата“. Наредниот период следуваат детски работилници за рециклирање, перформасни, изведба на детски престави и настапи на балетски групи. 

Програмата претходно, започна со настапи на групите „ЕоS“ и „Warden Clyffe“под покрoвителство на Н.У. Центар за култура „Трајко Прокопиев" од Куманово. Следуваше манифестацијата „Креативен појадок“ која ја спроведе здружението во соработка со „Youthquake“, а во кој беа вклучени средношколци од општината од различни училишта, меѓу нив и лица со попреченост, кои во наредниот период ќе изведат перформанс.