Културно-уметнички активности „Есен,Зима,Пролет и Лето“ во Куманово
Здружението на граѓани „Стартер проект" во соработка со Општина Куманово, Фондација за култура и спорт, Центарот за култура, во пресрет на 2019 година кога се одбележуваат 500 години од постоење на Куманово, организира културно - уметничка програма насловена по четирите годишни времиња.
Идејата, соопштија денеска организаторите е да се промовираат културни и едукативни манифестции во Куманово, наменети од најмладата до највозрасната популација и да се оддаде почит на генерациите кои го граделе Куманово.
- Програмата која се реализира се спроведува во координирана соработка со институции и установи од областа на културата, а преставува претходничка на програмата која ќе се реализира по повод 500 години од постоње на градот Куманово, изјави актерката и еден од иницијаторите Габриела Петрушевска.
На 15 септември на аеродромот Ацитепе, најмалдите ќе летаат земјови. Настанот го организираат учесниците на Детската ликовна колонија. Наредниот период, следува и концерт на групата „Кhara" и промоција на новиот албум. На 22 септември, кога и официјално започнува есента, на иницијатива, а градинката „А
Кон крајот на септември ќе биде изведена преставата „Физика на тагата“. Наредниот период следуваат детски работилници за рециклирање, перформасни, изведба на детски престави и настапи на балетски групи.
Програмата претходно, започна со настапи на групите „ЕоS“ и „Warden Clyffe“под покрoвителство на Н.У. Центар за култура „Трајко Прокопиев" од Куманово. Следуваше манифестацијата „Креативен појадок“ која ја спроведе здружението во соработка со „Youthquake“, а во кој беа вклучени средношколци од општината од различни училишта, меѓу нив и лица со попреченост, кои во наредниот период ќе изведат перформанс.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк