Македонија
19. February 2019 - 16:34

Културните работници од независната сцена бaраат средба со Заев и Адеми за ревизија на одлуките

Ревизија на сите одлуки, воведување на нови критериуми за распределба, зголемување на буџетот на министерството за култура за оваа намена и носење на закон за јавен интерес. Културните работници обединети во Иницијативата “Културата е насловна страна на секое општество”, побараа средба со премиерот Заев и министерот Адеми, со цел создавање на систем според кој во иднина ќе се врши распределба на средствата наменети за културата.

Тие бараат ревизија на поддржаните и повторно разгледување на одобрените проекти.

Уметниците, предлагаат формирање на работна група која преку новиот закон за јавен интерес би ги ограничила ингеренциите на Министерот за култура при носење на одлуки за распределба на средствата.

Иако беше најавена досега не е реализирана средба на премиерот Заев со министерот Адеми за разгледување на жалбите.