Македонија
22. August 2016 - 8:32

Културна манифестација на балканските Турци во Скопје

Во организација на општината Чанкаја-Анкара и Општина Центар вечер на плоштадот Филип Втори Македонски во Скопје ќе се одржи Културна манифестација на балканските Турци.

На концертот ќе бидат прикажани турски народни ора, концерт на тенор Шакир Илјасогулари и изведба на  хармоникашот од Турција Муамер Кенеџоглу. На концертот ќе настапи и пејачката Виолета Томовска.

Концертот се организира со поддршка на Институтот Јунус Емре од Скопје.