Куќен притвор за Фросина Ременски и Миле Јовановски
Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничените Фросина Ременски и Миле Јовановски и им определи куќен притвор, да се јавуваат повремено во судот и да им се одземе патната исправа за преминување на државната граница.
– Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.
Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член 146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, соопшти Основен кривичен суд Скопје.
Против овие решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба пред кривичниот совет.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај