Балкан
2. August 2019 - 10:41

Куќата на ужасот во Загреб: Овде убиецот уби три жени, двајца мажи и дете (10), незапаметено злосторство во Хрватска

Незапаметено злосторство кое се случи во Хрватска ги шокираше и искусните полицајци кои на вакви случаи работат и по 30 и повеќе години.

Убиецот Игор Наѓ неколку часа по шесткратното убиство е пронајден мртов во Брезовица, 10 километри од местото во Загреб на кое уби три жени, двајца мажи и дете (10).

Масакрот го преживеа десетмесечното бебе.

Двете жени, инаку сестри, и детето (10) ги убил пред куќата, а телата на мажите се пронајдени во куќата, еден лежел во собата, а другиот во ходникот.

Како што пренесуваат медиумите, Игор Наѓ (36) од Вуковар работел како таксист. Неговата „шкода октавиа“ е пронајдена по крвавото злосторство.

Најверојатно се работи за случај на семејно насилство во се убиени мајка, татко, две ќерки, син на една ќерка и момче на другата.

Загрепски „Јутарњи лист“ пренесува дека се убиени сестрите Маја и Јосипа, 10-годишник, кој најверојатно бил син на Маја, додека убиецот, според првите и неофицијалните информации, бил момче на Маја.

Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот и во моментов се наоѓа во Дом за деца.

Убиецот се самоубил при апсењето, а мотив за убиството најверојатно е љубомора.