Живот
18. September 2017 - 13:46

Куќата каде живеела убиената Јелена била подарок од бизнисменот - нови детали

Мистеријата за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ почна да се разрешува откако нејзиниот сопруг Зоран беше приведен.

Се покажало дека таа навистина имала контакт со висок државен функционер, а според новите сознанија куќата каде живееле со сопругот била од него.

- Куќата на Јелена свекрвата ја добила од бизнисмен. Таа му помогнала со нешто важно со својата биоенергија, вели извор.

Инаку, Зоран беше уапсен во петокот.