Свет
25. April 2019 - 14:19

Куќа со базен на провиден покрив на Малта

Италијанското архитектонско студио Аркитренд креираше куќа со базен на провиден покрив во малтешкиот приморски град Сент Џулијанс.

Резиденцијата е изградена од армиран бетон, а на предната страна има стаклена фасада, која ја издвојува од околните зданија. На местото каде што се наоѓала покривната тераса, која е урната и реконструирана, е вграден провидниот базен.

Опколена со дрвена палуба, терасата нуди панорамски поглед на морето и на главниот град на Малта, Валета.