Македонија
28. јуни 2022 - 16:33

Куфер полн со облека крена паника - проверки за бомба на скопската Железничка

Повозрасна жена денеска на железничката станица во Скопје оставила куфер, што беше причина да интервенираат специјалците на МВР под сомнеж дека станува збор за бомба.

Откако единицата за антитероризам пристигнала по добиената пријава, дека во близина на банкоматите има оставено куфер, направиле проверка, ги виделе камерите и утврдиле дека куферот бил полн со алишта, а нема бомба.

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека.

Заборавениот куфер со алишта предизвика лажна трегова,  железничката станица функционира во најдобар ред, а службите велат дека не постои никаква опасност за граѓаните.