КУД „7 Септември“ најуспешни на Фестивалот „Пеце Атанасовски“
Културно уметничкото друштво „7 Септември“ од Македонски Брод ја доби Гран при наградата на 42 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој синоќа заврши во Долнени.
Гајдата на Пеце Атанасовски која ја доделува општина Долнени на најдобар странски изведувач, му припадна на гајдаџијата Александар Ѓорѓевиќ од Грделица, Република Србија.
Фестивалското жири во состав Захаринка Милосављевиќ, музиколог и етномузиколозите Родна Верличковска и Илчо Јованов специјална награда за негување и афирмација на традиционалната музика му доделија на ансамблот „Македонија“, а Фолклорниот ансамбл „Павете“ од Вороњеж, Русија ја понесе наградата за најуспешен настап на странска група на Фестивалот.
Со доделување на наградите синоќа во Долнени заврши 42 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Втората фестивалска вечер поради дождот не се одржа на Рудина кај Долнени, туку во општинската сала во Долнени.
Во двете фестивалски вечери, во петокот во Прилеп и синоќа во Долнени, настапија околу 350 изведувачи на изворен мелос од цела Македонија и од Србија, Русија, Бугарија и од Австралија. Во рамките на Фестивалот, трет пат, се одржа семинарот за изучување на народните инструменти и песни на кој на 30 учесници од Македонија, Русија и Србија еминентни етномузиколози им ги објснуваа карактеристиките на богатиот изворен македонски мелос.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка