Македонија
5. July 2021 - 15:46

Кучката која вчера беше застрелана во Битола се врати кај своите кутриња | ВИДЕО

Кучката која вчера беше застрелана во Битола од маж, денеска се појави кај своите малечки.

-Дојдовме да ги нахраниме малечките на мајката што беше вчера пукана и не дочека изненадување! Мајчичка е жива, да ги надои и среди малечките и одиме на вет. Фала ви на сите што излеговте и ни помогнавте во потрагата, стои во објавата на Фејсбук.

Вчера низ социјалните мрежи се споделуваше информација за постар маж кој во Битола на улицата „16-та“ среде бел ден извадил пушка и пукал во куче.