Кучињата за превенција од астма
Децата кои чуваат кучиња во својот дом имаат помал ризик да заболат од астма, објавија шведски научници.
Според податоците кои се собрани од околу 650.000 деца, утврдено е дека оние деца кои од првата до седмата година од животот имале контакт со куче во домот, во просек за 13 проценти го намалиле ризикот од астма.
Научниците напоменуваат дека ова истражување не се однесува на децата кои се алергични на кучиња.
Според проценките околу 40 проценти од децата кои се болни од астма се алергични на кучиња.
Претходните истражувања покажале дека они деца кои се растени на фарма во контакт со поголем број на животни имаат многу мал ризик од заболување од асма.
Научниците ја објаснуваат т.н. хигиенска хипотеза според која децата кои од најмала возраст имаат контакт со нечистотија ја зголемуваат толеранцијата на организмот на честите алергени со што го смалуваат ризикот од појава на асма и алергии.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје