Македонија
31. July 2018 - 14:27

Кучињата скитници повторно напаѓаат низ Скопје - повредени две лица

Кучињата скитници повторно напаѓаат во Скопје, регистрирани уште два случаеви во полциските станици.

- М.М. (35) од Скопје вчера во 14:00 часот во Полициската станица Центар пријавил дека на 28.07.2018 година околу 3:30 часот на улицата „Лазар Личеновски“ бил нападнат од страна на три улични кучиња, од кои едното го каснало во пределот на левата подколеница. 

-Ѓ.М. (31) од Скопје вчера во полициската станица Карпош, пријавил дека на 23.07.2018 година околу 7:00 часот на булевар „Партизански Одреди“ бил нападнат и каснат од две кучиња скитници во пределот на десната нога.