Македонија
28. јуни 2018 - 13:08

Кучињата скитници повторно напаѓаат низ Скопје - повредени две лица

Кучињата скитници продолжуваа да напаѓаат низ Скопје.

Според информациите на полицијата, утринава во 04.00 часот во Полициската станица Центар, М.Б. (22) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 01,10 часот на улицата „Партение Зографски“ била нападната и касната од куче при што се здобила со повреда на десната нога.

И вчера во Полициската станица Гази Баба од страна на 67-годишниот П.А било пријавено напад од куче. Како што информира полицијата, 67-годишниот П.А  околу 09,30 часот на улицата  „Антон Димитров“ бил нападнат и каснат од куче скитник при што се здобил со повреда на десната нога.