Македонија
22. December 2017 - 13:37

Кучиња во Скопје повторно нападаа уште двајца граѓани- едниот завршил на ургентно

Уште две пријави во Скопје поради каснување од кучиња.

Вчера во Полициска станица Центар, 54- годишната С.С од Скопје, пријавила дека претходниот ден околу 14 часот и 30 минути на улица Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница. 

Тоа било првиот случај а вториот исто така се случил вчера но нешто подоцна., околу 17 часот и 40 минути на улица Тиранска 49- годишниот С.Ѓ од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан  по телото, поточно стомакот, нозете и раката.

По нападот  С.Ѓ добил медицинска помош во Ургентен центар-Скопје.