Македонија
7. April 2020 - 11:51

Кучиња скитници во Центар и Ѓорче Петров искасале маж и жена

Вчера во 12 часот во Полициската станица Центар, Б.М.(46) од Скопје пријавил дека на бул. „Никола Карев“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.

Исто така, вчера во 10:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.С.(67) од Скопје пријавила дека на ул. „Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Нападите од кучиња скитници, кои се намножени во Скопје, но и во другите градови, стана секојдневие, на кое поради актуелната состојба со коронавирусот не се обрнува внимание.

Не ретко во глутниците може да се видат и кучиња, кои според расата може да се заклучи дека „не се дојдени од шума“ туку тие биле нечиј миленик, кој завршил на улица.