Македонија
16. јуни 2019 - 16:37

Кучиња скитници ги запоседнаа градовите во источна Македонија

Проблемот со кучињата скитници останува еден од најгорливите во југоистокот од државата. Освен тоа што ги има насекаде, не е мал бројот на граѓани кои реагираат дека биле нападнати од истите. Од почетокот на оваа година до СВР Струмица биле пријавени  21 случај од граѓани кои биле нападнати или каснати од кучиња на улица.

,, Во 14 случаеви биле нападнати или каснати граѓани од  кучиња скитници  а во 6 случаеви констатирани се прекршоци  држење кучиња без надзор или заштитни средства.

По однос на старосна граница нападнати се претежно постари лица и тоа: 12 лица од машки пол и 6 лица  од женски пол, на возраст од 55-70 години  и нападнати се и 3 три деца.,, вели Хризантема Рендевска -  Портпарол на СВР Струмица

Од полицијата информираат дека во делот на постапката полициските службеници поднесуват барања за поведување на прекршочна постапка  до надлежната комисија за прекршоци  против сопственикот на кучето, согласно член 29 од  законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

,, Кој без заштитни средства , маска и слично, без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат или да повредат, ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност,,. Вели Рендевска

Информација по ова прашање побаравме и од општина Струмица. Од таму информираа дека  годинава против нив не била понесена ниту една тужба од граѓани кои биле нападнати или каснати од кучиња скитници. Од општината додаваат и дека интензивно се работи на решавање на овој проблем. Изградбата на стационарот кој ќе треба да ги згрижва кучињата скитници од струмичко радовишкиот микро регион веќе била завршена, како и набавката на специјалното возило ,  а во моментов тече постапката за опремување на истиот. За неколку месеци треба и официјално да биде ставен во функција. Проектот чини околу 150 000 евра, а се реализира преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион.