Свет
25. January 2018 - 11:45

Куче „застрела“ ловџија

Куче е осомничено за убиство на 64-годишен маж. Миленикот е виновен за застрелување на ловецот во јужната руска покраина Саратов.

Несреќниот маж пристигнал на ловиште со својот брат во неделата наутро и додека ја држел пушката во раце, ја отворил вратата од автомобилот за кучето да излезе надвор.

- Кучето скокнало врз ловецот и тогаш пушката испукала куршум, велат руските истражувачи.

Мажот се здобил со сериозни повреди во стомакот од кои почина на пат до болница.