Свет
27. November 2016 - 9:51

Куба: Почна деветдневната жалост по повод смртта на Фидел Кастро, студенти извикуваат „Јас сум Кастро“

На Куба почна 9-дневна жалост по повод смртта на револуционерниот лидер Фидел Кастро.  

На Универзитетот во Хавана каде тој студирал стотици студенти извикуваа „Јас сум Фидел“, продажбата на алкохол е забранета, знамињата се на половина копје и откажани се сите концерти.

Масовните митинзи во чест на Кастро кој почина во петокот на 90-годишна возраст би требало да се одржат на Плоштадот на револуцијата во Хавана како и во градот Сантијаго на исток во државата.

Весниците во 11-милионска Куба се печатени со црно мастило во знак на жалост за Кастро наместо црвеното кое е обележје на „Гренма“, официјалниот дневен весник на КП, и синото мастило на весникот на комунистичката младина Бунтовна младина.

Според западни медиуми, не е регистрирано засилено присуство на армијата или полицијата.