Куба ги замрзна цените на некои намирници поради инфлацијата
Кубанските власти воведоа ограничувања на цените на овошјето и зеленчукот во обидите да ги ублажат критиките на јавноста поради растот на цените на храната.
Владата во Хавана соопшти дека земјоделските производи, кои се продаваат на пазарите, што се под контрола на државата имаат ограничена цена, достапна за просечниот поединец, кој заработува државна плата од околу 25 долари месечно.
- Цените на доматот, бананите, слаткиот компир и 20 други производи ќе бидат ограничени со цел да се избориме со инфлацијата, се наведува во соопштението на кубанската Влада и се додава дека скокот на цените на храната е последица на ниското домашно земјоделско производство.
На пример доматот ќе чини осум центи за половина килограм во сезона, додека истата количина ќе се продава по 17 центи вон сезоната, што е неколку пати помалку во однос на актуелната цена на повеќето светски пазари.
Куба мора да увезува 80 отсто од храната, бидејќи домашниот земјоделски сектор е премногу мал за да ја задоволи побарувачката.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел