Свет
1. August 2017 - 10:21

Куба ги пофали изборите во Венецуела

Куба денеска ги пофали изборите одржани за Уставотворното собрание во Венецуела и ја осуди меѓународната завера за задушување на волјата на венецуелскиот народ.

- Куба ги осудува добро организираните меѓународни операции, со кои управува Вашингтон заради замолчување на гласот на венецуелскиот народ, се наведува во соопштението на кубанската Влада.

Исто така се посочува дека Куба е „добро запознаена со таа интернационалистичка пракса“.