Бизнис
8. јуни 2019 - 19:27

КСС со протест пред Владата ќе бара исполнување на нивните барања

Просветните работници и синдикалците на протест пред Владата. Конфедерацијата на слободни синдикати и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура го искажаа незадоволството за состојбите во јавниот сектор.

Првично, денешниот протест беше закажан за денеска во 11:30, но поради владината одлука токму денеска да се одработи неработниот ден кој беше даден поради посетата на Папата на главниот град тој мораше да се презакаже за 16:00.

Просветните работници веќе подолго време предупредуваат дека во образованието просечната плата е најниска во јавниот сектор.

КСС во изминатиот период беа најгласни против префрлувањето работници од јавниот во приватниот сектор. Нешто што владата одамна го најави, а според последните информации, ќе се спроведе кон крајот на годината.

КСС И СОНК поддршка добија од повеќе синдикални организации од регионот и Европа, како и од Светската конфедерација на синдикати. Меѓутоа, поддршка немаше од останатите домашни синдикати.

КСС и СОНК во изминатиот период одржаа неколку протести низ државата. Протестираа во Штип, Кичево, Куманово и Прилеп.