Македонија
23. December 2016 - 8:27

Крводарителска акција во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, денеска од 11 до 15 часот организираат крводарителска акција која ќе се оддржи во големата сала на Општината. 

Општината ги повика сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.

И оваа година мото на крводарителската акција е:  „Придружете ни се да даруваме крв денес, зашто утре можеби и нам ќе ни треба!“.