Македонија
21. July 2016 - 15:25

Крводарителска акција во Општина Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник на Македонскиот народ, патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и 20. годишниот јубилеј од постоењето на Општината, во Домот на култура „Илинден“ денеска се одржа традиционална крводарителска акција.

Крв даруваа педесет жители на општината, а ова е една од досега најуспешните крводарителски акции во Општина Илинден, особено затоа што се што се одржува во летните месеци кога повеќето од граѓаните се на годишен одмор.