Македонија
31. January 2019 - 12:00

Крводарителска акција во Центарот за обука на МВР

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи денеска и вчера се спроведува крводарителска акција согласно календарот за дарување крв на Црвениот Крст на Република Македонија.

На овие акции за дарување на крв во организација на Црвениот крст и Центарот за обука при МВР низ годините наназад постои голем интерес  за дарување крв, па така и годинавам соопшти МВР, пријавени се 332 кандидати од Основна обука за полицаец 2018/19 година.