Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода денеска во периодот од 9 до 13:30 часот организираат крводарителска акција во просториите на Општината.

Кон акцијата, како што соопштија од Општината, ќе се придружат дел од вработените, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.

Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот.