Крводарителна акција на припадниците на МО и Армијата по повод Неделата на НАТО
Во Домот на Армијата во Скопје денеска ќе се спроведе акција на доброволно дарување крв од припадниците на Министерството за одбрана и од Армијата, како дел од активностите за одбележување на Неделата на НАТО, 70 години од основање на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.
По тој повод, високи раководители во МО, Генералштабот, Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе врачат благодарници и признанија на припадници на МО и на Армијата кои се доброволни дарители на крв повеќе од 50 пати.
Врз основа на меморандумот за соработка помеѓу МО, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, секоја година се организираат 15 до 20 акции на доброволно дарување крв од стрна на припадниците на МО и на Армијата,м при што се собираат помеѓу 700 и 1.000 крвни единици.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи