Балкан
8. јуни 2018 - 16:52

„Крвнички ме тепаа пред сите“ - сватовите брутално ја тепале Снежана среде свадба, а потоа и во болница

„Брутално ме тепаа пред очите на сите гости. Прво Владимир ме фати за коса и ме удри неколку пати по лицето, по што се срушив. Потоа Далибор ме прескокна, па почна да ме шутира. Потоа клекна преку мене и ме удираше. Истовремено неколкумина ме удираа. Да не беше младоженецот кој ме извлече од гужвата сигурно ќе ме убиеја“.

Вака ја започнува приказната својата исповед 50-годишната Снежана Палиќ од Бела Црква, која преживеала вистински хорор на свадбата на својот внук, одржана на 2 јуни во еден ресторан во Србија. Од страшните удари се здобиле со фрактури на синусната коска и вилицата, скршени ѝ се четири заби, а низ телото има изливи на крв.

-Лекарите ми наговестија дека ќе морам да го оперирам лицето, па ќе видиме што ќе биде откако ќе ја снимама главната со магнетна резонанца, бидејќи болките се неподносливи - кажала Снежана за српските медиуми.

Сѐ започнало во тоалетот околу 21 часот во ресторанот кога напаѓачите прво го удриле нејзиниот син Синиша.

-Синиша раскажа што се случило и јас тргнав кон Владимир за да прашам зошто го сториле тоа. Тој само стана од масата и почна да ме тепа, по што настана општ хаос - објаснила Снежана.

Тепањето не престанало, тие дошле и во болница каде Снежана едвај била спасена од медицинските сестри.