Македонија
18. November 2017 - 13:40

Крвнички ја претепал сопругата, едвај се спасила - семејна драма во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 41-годишниот Е.Д. од струшкото село Лабуништа. 

Пријавениот, казненото дело го сторил на 20-ти минатиот месец  во семејниот дом во Лабуништа. Истиот, започнал силна и гласна вербална расправија со неговата сопруга упатувајќи и серија навреди и закани по нејзиниот живот и сигурност со што предизвикал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Во моменти на силна агресивност, пријавениот Е.Д. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја со раце и нозе по целото тело. Притоа, оштетената се здобила со телесни повреди,  по што успеала да избега.