Крваво на улиците во Скопје - едно лице загина, а тројца се тешко повредени
Едно лице загинало во една од вкупно 40 сообраќајки регистрирани за продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки биле потешко повредени три лица, а во 19 со полесни повреди се здобиле 19 лица. Во 18 незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци. Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 88 возила
Ново на Сител
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
-
Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме
-
Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово