Македонија
24. March 2017 - 14:10

Крвава тепачка во Скопје: Седеле на тереса, дошле насилници и ги претепале

Вчера во 12.00 часот во ПС Кисела Вода А.М. (47) од Скопје пријавила дека на завчера околу 22.00 часот, додека седела на терасата заедно со нејзиниот сосед Х.Е., а нејзиниот син Е.Х. и ќерката М.Х. биле внатре, пред нејзиниот дом се паркирале три возила. Од возилата излегле нејзиниот сосед Д.Н. со уште десет непознати лица и почнале да викаат да излезе нејзиниот син, при што се заканувале дека ќе го убијат.
 
Е.Х. излегол по што Д.Н. и непознатите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото. А.М. се уплашила за животот на нејзиниот син и почнала да вика и да бара помош. Во тој момент дошол нејзиниот брат Р.М. и се обидел да му помогне на Е.Х., но тие физички го нападнале удирајќи го со клоци и тупаници по главата и цело тело. 
 
Напаѓачите, исто така, ја нападнале и А.М., по што побегнале во непознат правец. Од нападот А.М., Е.Х. и Р.М. се здобиле со телесни повреди констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на настанот.