Македонија
15. January 2019 - 19:46

Крвава тепачка во селска џамија во општина Пласница

Во просториите на селската џамија „Абди Бајрактар“ во село Лисишани, општина Пласница, вчера, во попладневните часови, бил нарушен јавниот ред и мир, информираат од СВР – Охрид.

Според пријавата, Е.Д. (45) најнапред бил физички нападнат од Р.М. (47), а веднаш потоа и од Ќ.М. (56), С.Д. (29), А.Х (53) и С.А. (50), сите од село Лисичани.

Од СВР – Охрид информираат дека по целосно документирање на настанот, против учесниците за нарушување на јавниот ред и мир ќе се поднесе соодветна пријава.