Македонија
21. April 2018 - 15:05

Крвава тепачка во позната скопска кафеана на ул. Орце Николов, еден повреден

Ноќеска  околу 00,10 часот во Скопје во угостителски објект на улица „Орце Николов“ неколку лица кои седеле на терасата од угостителскиот објект, започнале меѓусебна расправија, а подоцна дошло и до тепачка помеѓу истите, по што две од лицата си заминале, но подоцна се вратиле и продолжиле со пресметката.

Сопственикот на објектот, П.П.(56) од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.

На повредениот во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ му е укажана лекарска помош. 

Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.