Македонија
15. July 2018 - 11:57

Крвава тепачка во Дебар, едно лице со тешки повреди пренесено во Скопје

Рано утрово околу 02,50 часот во Дебар на улица „8 Септември“, додека Г.Е.(20) од Дебар бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар, истите физички биле нападнати од страна на пет лица од Дебар. На Г.Е. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Дебар од каде е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Во 03,40 часот во Полициска станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21). 

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.