Македонија
26. January 2018 - 12:44

Крвава тепачка пред познат скопски локал, четворица пренесени во болница

Ноќеска во 02.20 часот било пријавено дека на улица „Анастас Митрев“ во скопската населба Мичурин, додека А.А.(36) со своите другари Г.Ј.(36), М.Б.(43) и А.М.(26) го напуштале ноќниот клуб лоциран на горенаведената адреса на пракингот, биле пресретнати од околу десетина машки лица кои почнале да ги удираат по телото и главата.
 
Од нападот дел од лицата се здобиле со видливи повреди и им била укажана лекарска помош во Градската општа болница.
 
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.