Свет
4. October 2016 - 8:55

Крвава свадба - загина младоженецот и 20 гости

Бомбаш самоубиец усмрти најмалку 20 луѓе на свадба во североисточната сириска покраина Јасакех, соопшти курдската милиција.

Нападот бил извршен синоќа, а државни медиуми јавуваат за најмалку 30 загинати и над 90 ранети.

Голем број од ранетите се во критична состојба.

Меѓу загинатите е и младоженецот, инаку истакнат член на Сирисиките деморкатски сили (СДП). СДП е арапско-курдска коалиција што се бори против џихадистите од ИД на север во Сирија.