-->
-->
Крвава свадба во гостиварско, последниот куршум предизвика трагедија
-->
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против Н.Ш. (37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот на 22.јули годинава околу 22.20 часот во с.Форино, во дворното место од семејна куќа сопственост на лицето Н.М. (43), каде се одржувала семејна веселба, испукал неколку куршуми во воздух од пиштол марка „ГЛОК“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола.
Веднаш потоа, мислејќи дека е празен пиштолот, со цевка свртена надоле кон земјата испукал и петти куршум кој удрил во бекатонот, се одбил и го погодил лицето Н.Б. (38), кој се здобил со прострелна рана во пределот на десната потколеница.
По здобиената повреда оштетениот Н.Б. бил пренесен во Мединцински центар Гостивар, а потоа префрлен во Клинички Центар Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто