Балкан
21. August 2016 - 21:31

Крвава свадба: Дете ги разнесе среде оро

На социјалните мрежи се појави видео снимено од внатрешноста на салата за прослави каде бомбашот самоубиец синоќа се разнесе и уби над 50, а рани над 100 луѓе во турски Газиантеп.

На видеото јасно се гледа како гостите играат оро, а зад нив одеднаш одекна силна експлозија и се прошири голем пламен. Потоа сите тргнаа да бегаат низ салата за да спасат жива глава…