Злосторството се случило во станот пред очите на ќерката (18) и синот (11), а девојчето дури и му пружила прва помош на тешко повредениот татко до доаѓањето на итната помош. Меѓутоа, мажот во болница им подлегнал на повредите.
Како што јавуваат австриските медиуми злосторството го извршила австриска државјанка која потоа е уапсена. Полицијата соопштила дека жената била жртва на семејно насилство и дека сопругот со години ја малтретирал и ја тепал и неа и ќерката.