Kрвава семејна драма во Струга - Ја претепал сопругата па давел полицаец
Среде бел ден се одвивала крвава семејна драма во Струга. Во 14 часот и 15 минути во Основното јавно обвинителство-Струга од страна на полициски службеници, бил донесен 56-годишниот А.Ќ. од Лабуништа, кој ја претепал сопругата Р.Ќ.
Околу 15 часот и 30 минути во канцеларијата на Јавниот обвинител настанала вербална расправија помеѓу сопружниците и нивниот син Ј.Ќ. по што истиот скршил стаклена чаша која ја држел во рака. Јавниот обвинител побарал А.Ќ. да го изведат надвор од канцеларијата, на што тој се противел и одбивал да излезе давајќи активен отпор. Истиот почнал да замавнува со рацете удрајќи полициски службеник во пределот на левата рака и му ја скинал службената маица.
При обид да го приведат, А.Ќ. со раце за врат фатил друг полициски службеник и почнал да го дави, по што и нему му ја скинал маицата.
По кратко време истиот бил совладан. А.Ќ. од слобода и бил задржан во СВР-Охрид за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд