Македонија
26. December 2016 - 13:30

Крвава расправија во тетовско, соседи се пресметале со секира

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Б. (68) од с. Луковица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
 
На 5.септември годинава околу 17.00 часот во Тетово, по вербална расправија и физичка пресметка помеѓу пријавениот и Н.К. (69) од Тетово, пријавениот со секира му нанел тешка телесна повреда на раката.