Македонија
21. April 2017 - 12:30

Крвава пресметка во училиште во гостиварско: Ученик претепал наставник, му ја скршил главата

Петнаесетгодишен ученик физички нападнал и му нанел повреди на главата на наставник во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница.  

СВР Тетово информира дека случајот го пријавил вработен во училиштетото вчера утрото околу 8 часот.

- Петнаесетгодишен ученик од ова училиште физички го нападнал наставникот Ш.К.(62) од ова село. На нападот му претходела куса вербална расправија поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата. Малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Вработен во училиштето го спречил малолетникот, а повредениот наставник побарал медицинска помош.

По пријавувањето на случајот, ученикот во присуство на родител е повикан во полициската станица во Гостивар каде е разговарано со него и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.