Македонија
1. November 2015 - 16:35

Kрвава пресметка во Tетово 5 со рани од огнено и од ладно оружје пренесени во Скопје

Пресметката резултирала со тоа што сите петмина учесници, тројца од Доброште од една страна и двајца тетовци завршиле во болница на лекување. По физичката пресметка биле употребени ножеви и пиштоли Потешко поминале двајцата тетовци кои се однесени на лекување во ургентниот центар во Скопје, додека трите лица од Доброште се задржани во тетовската болница. Во пресметката 22 годишно момче од Доброште се здобило со прострелна рана во десна надколеница, друго 22 годишно момче со прострелна рана во лева надколеница и 53 годишно лице од Доброште со убодна рана во средишниот дел на кичмата, додека пак 24 годишен тетовец се здобил со убодна рана во пределот на вратот, а 21 годишен тетовец со огреботина на долни екстремитети.
Неофицијално, причината најверојатно е љубовна врска која била недозволена од едната страна. Тоа бил поводот тројца жители на Доброште да дојдат  ноќеска во Тетово за да се пресметаат со двајцата тетовци. Полицијата веќе ги истражувата сите детали со цел да се разјаснат причините поради кои дошло до групната пресметка.