Живот
13. јуни 2018 - 12:30

Крвава пресметка во Белград: Кумот на Ана Николиќ и Раста изрешетан

Триесет и еден годишниот Андреј Анчевиќ синоќа бил изрешетан пред „Авив парк“ во Звездара. Андреј е венчан кум на пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста.

Анчевиќ бил нивен личен возач и обезбедување, меѓутоа пред неколку месеци сѐ пукнало. Андреј открил детали од соработката со Раста и Ана, се пожалил дека го понижувале, дека никогаш не му кажале зошто прекинале секаков контакт со него.

Андреј кој со сопругата бил во ресторанот, ранет е во нога при пукање кое се случило во вторникот околу 22:30 часот во Звездара. При пукањето ранета е и случајна минувачка.