Крвава пресметка сепаре: Тројца ранети во пукање пред кафуле, млад фудбалер се бори за живот
Тројца млади се ранети синоќа околу полноќ во огнена престрелка пред кафулето „Линеа“ во Бачко Добро Поље во близина на Врбас.
Според неофицијалните сознанија, во пресметката е тешко ранет В.Ј. фудбалер на ФК Нови Сад.
Според исказите на очевидци судирот избил кога напаѓачот Д.Ј. (27) открил дека сепарето кое наводно го резервирал во кафулето било зафатено. Веднаш вербално се судрил до В.Ј. и неговата сестра А.Ј. и останатите присутни, а кавгата продолжила со пресметка пред кафулето.
Во еден момент Д.Ј. извадил пиштол и испукал неколку куршуми во правец на В.Ј. и неговото друштво и притоа го ранил него, неговата сестра и уште едно момче чиј идентитет не е познат.
Според здравствените власти, во болницата во Врбас се згрижени четири лица, од кои тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, додека едно лице е задржано во болнциа со тешки телесни повреди.
Полициајта не даде соопштение за настанот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор